Бучковски: Поголема е нервозата во Софија, отколку во Скопје

by Fokus

Владо Бучковски во гостувањето во Утрински брифинг говореше за состојбите помеѓу Македонија и Бугарија, кои на некој начин дополнително се комплицираа со отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.

-Се обидуваме со граѓански ангажман да се спротивставиме на говорот на омраза на оние кои го искористија моментот на отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“. Оваа влада на Петков е на стаклени нозе. Мојата улога, пак, е поврзана со граѓанскиот сектор оти сметам дека напорите на политичарите не се доволни, вели Бучковски за Утрински брифинг.

Тој смета дека поголема е нервозата во Софија отколку во Скопје, а политиката на ВМРО-ДПМНЕ е константна. Сметам дека треба да побараме и ние гаранции за заштита на идентитетот и ова да премине во надградба на договорот за пријателство, вели Бучковски.

Поврзани новости