Бубо Каров: Да се здружиме сите на 30 септември и да заборавиме дали сме ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или марсовци

by fokus

Здружени не може никој да не руши, сам човек може помалку да направи отколку група луѓе или сите заедно, порача комичарот Љупчо Бубов Каров на вчерашната трибина во Демир Капија, каде говореше пред обраќањето на премиерот, Зоран Заев.

-Дајте на 30 септември да се здружиме сите и да заборавиме дали сме ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, дали сме Турчин, дали сме марсовец или не знам од каде. Дајте еднаш засекогаш да го решиме вечниот копнеж на македонскиот народ да станеме самостојна джава со сите атрибути, а тоа можеме да станем само ако влеземе во ЕУ – порача Бубо Каров.

Тој потсети на скеч од К-15 кога карактерите Тошо и Миле го испрашуваат дали неговиот лик е за Русите или Американците.

-Искрено кажано го јадам стапот и првиот и вториот пат. Тоа е доказ дека стапот има два краја. Првиот крај од стапот е на 30 септември да гласаме „за“ и да се приклучиме на Европа. Не сакам да мислам на вториот дел, но постои. Сакам со тој скеч да престанат вековните предизвици за македонскиот народ да стално треба да се определи дали е за тој или за овој. Македонскиот народ на 30 септември ќе биде само за Македонија. Нека не го лажат народот дека се губи идентитетот, ние остануваме Македонци и секогаш ќе бидеме Македонци без разлика дали државата ќе се вика Северна Македонија. Јас знам за себе, јас ќе гласам ЗА, со големо ЗА на референдумот – рече тој.

Поврзани новости