Бубевски за убиството на Вања и Панче: Доказите одат на иста линија со првичните искази на осомничените

by fokus

Шефот на скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски, во интервју за неделникот ,,Фокус” вели дека убиството на Вања и Панче е еден од најтешките предмети кој како обвинители го работеле. Потенцира дека нема пречка за брза екстрадиција на осомничениот извршител Љупчо Павлески- Палчо, а открива и дека останатите докази одат на иста линија со исказите на осомничените.

-Предметот е во сериозна фаза од самиот почеток. Она што го потенцирав на неодамнешниот брифинг е дека сега истрагата е во напредна фаза. Тоа значи дека најголемиот број докази се веќе прибрани и се анализираат.
Станува збор за исклучително сложен настан, еден од најтешките предмети на кои како обвинители сме работеле. Свесен сум дека, во исто време, тоа е настан што длабоко ја вознемири целата јавност и затоа сметам дека е исклучително важно што за многу кратко време ги откривме сторителите на ова свирепо двојно убиство, вели Бубевски.

На прашањето дали обдукцијата го yтврди времето на убиството и дали доказите откриваат нови сегменти од крвавиот чин, обвинитот вели:

-Целосниот мозаик на ова злосторство се открива дел по дел. Еден дел од одговорите секако ги дава и обдукцијата, во корелација со другите докази. До овој момент, доказите одат на иста линија со првичните искази на осомничените.
Разбирам дека времето на извршување на убиствата и сите детали околу инволвираноста на секој од осомничените ја интересираат јавноста. Граѓаните бараат одговори со кои се обидуваат да ги разберат мотивите за толку суров акт на насилство.
Првичните сознанија за мотивот за извршување на ова кривично дело произлегуваа од расположливиот доказен материјал во тој момент, а тоа беа исказите на осомничените. Се разбира, сево ова се проверува во корелација со материјалните докази, вели Бубевски.

Разговараше
Валентина ВУРМО

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

 

Поврзани новости