Бубевски: Се надевам дека Апелација одлуката за „Тенк“ ќе ја донесе брзо

by fokus

Обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски по завршувањето на јавната седница во Апелацискиот суд за жалбите по првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за случајот „Тенк“, изрази надеж дека Апелациски одлуката ќе ја донесе брзо, за пет до шест дена.

Бубевски на седницата ги оцени како неосновани сите жалбени наоди поднесени од адвокатите на обвинетите во овој случај.

Во контекст на тоа додаде дека се неосновани жалбите на адвокатите за ангажираните вештаци за високите трошоци направени за вештачењето.

– Во моментот кога се носеа наредби за вештачење прво се консултиравме со домашни стручњаци од оваа област. Но, во тоа време немаше вештак што сакаше да работи за СЈО. Се нафати една странска компанија која има своја подружница овде, свои вештаци… а цената на тоа не е превисока, рече Бубевски.

Поврзани новости