Директорот на велешката болница, Димитар Стровјаноски на својот фејсбук профил информираше дека екипата на велешката болница носејќи дете со изгореници на Клиника имала сообраќајна несреќа.
-Вечерва екипата на Велешката болница носејќи дете со изгореници на клиника имаше сообраќајна незгода, удирајќи дива свиња на автопат…
По дваесетина минути пристигнав на местото, каде што возилото не беше во возна состојба. За среќа без жртви, но со лесни повреди кај сестрата која беше во придружба на пациентот, па заедно беа пренесени во Ургентниот центар.
По увидот од страна на полициските службеници, возилото веќе се транспортира со шлеп-служба на сервис во Скопје. Благодарност до Брзата помош од Скопје која ги превзема нашиот пациент и нашата повредена медицинска сестра!, напиша Стровјаноски.