Груевски или викендов сам ќе се пријави во Шутка или решението ќе му биде врачено во понеделник

by fokus

Никола Груевски се уште не го примил решението на Кривичниот ссовет, откако судскиот курир вечерва и по третпат се обидел да го најде во неговиот дом, објави порталот НОВА ТВ.

Решението на Груевски ќе му биде врачено в понеделник кога тој треба да се појави на судско рочиште за предметот „Титаник“.

Викендов Груевски може и сам да се пријави во Шутка без решението од Кривичниот совет, затоа што тој веќе има упатен акт за извршување на казна затвор.

Поврзани новости