Мажот, чие голо безживотно тело денеска беше пронајдено врзано за дрво во шумата кај Добој, е Саша Кулишиќ, од овој град.
Според медиумите од Босна и Херцеговина, тој во градот имал продавница за половни автомобили и автомобили за изнајмување, бизнис што го работел со години. Зад себе остави четири деца.
– Жртвата е убиена со нож. Беше врзан за дрво и имаше селотејп на устата. Инспекторите дознале дека маж и жена кои биле приведени во текот на денот може да бидат поврзани со ова брутално злосторство – изјавил за Српскаинфо извор од истрагата.
Истиот извор открива дека приведената била лоцирана преку автомобилот во Бања Лука и дека во тек е натамошна кривична истрага.
Токму поради апсењето на маж и жена се појавила верзијата дека „љубовните проблеми“ биле мотив за убиството.
Од друга страна, има и приказна дека Кулишиќ е убиен поради пари.
– Наводно, осомничената жена и нејзиниот наводен партнер го мачеле за да им каже каде се парите – вели еден жител на градот.
Надлежните за утре најавија прес-конференција со детали за случајот.