421
Бројот на жртвите во вчерашниот напад во колеџ во Керч на Крим, се зголеми на 20, соопшти министерката за здравство на Русија, Вероника Скворцова.
– Загинаа 20 лица, меѓу кои 15 студенти и пет вработени на факултетот. Од 15 настрадани студенти, 11 се малолетни, изјави таа.
Министерката наведе дека се хоспитализирани 44 луѓе со „различен степен на повреди“.
Како извршител на нападот е идентификуван Владислав Росљаков(18). Властите соопштија дека случајот се води како масовно убиство, а не тероризам како првично што се сомневаа.
На Крим е прогласена тридневна жалост.