652
Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 19.063 нови случаи на корона вирус и 37 починати, што преставува речиси ист рекорден број на заболени како и вчера кога беа евидентирани 19.901. Првиот петцифрен број на новозаболени е забележан на 11 јануари годинава или 13.693 лица, јави дописникот на МИА од Белград.
Во Србија според податоците на Министерството за здравство, досега од корона вирусот се заразени вкупно 1.598.910 лица, а регистрирани се 13.377 смртни случаи.