Бројот на загинати во Мароко се искачи на над 1.000, стотици луѓе во критична состојба

by fokus

Бројот на загинати во земјотресот што доцна во петокот го погоди Мароко надмина илјада луѓе, објави Министерството за внатрешни работи.

Министерството соопшти дека загинале 1.037 лица, а 1.204 се повредени, од кои „721 се во критична состојба“.

Катастрофалниот земјотрес, најлошиот во последните 60 години, бил со јачина од 7,2 степени, соопшти Мароканскиот геофизички центар.

Тоа е најсмртоносниот земјотрес што го погодил Мароко од 1960 година, кога се проценува дека загинале најмалку 12.000 луѓе, соопшти Американскиот геолошки институт.

Поврзани новости