Бројот на заболени од Ковид-19 во Словенија се искачи на 181

by fokus

Бројот на лица заразени со новиот корона вирус во Словенија достигна 181, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Во однос на вчерашниот ден тоа претставува зголемување од 40 нови случаи.

Меѓу ново заразените е и едно маж, кој во вторникот со авион на Туркиш Ерлајнс од Истанбул пристигнал во Словенија.

Тројца од заразените се во тешка состојба и веќе се префрлени на интензивна нега.

Денешната прес конференција за коронавирусот прв пат ја водеше новиот премиер Јанез Јанша, кој кажа дека Владата ќе направи се што е во нејзина моќ да го спречи ширењето на вирусот.

– Добра вест е што некои медицински помагала кои недостасуваа во болниците веќе се набавуваат. Сепак најдобра заштита од коронавирусот е да останеме дома и да избегнуваме контакти со други луѓе – изјави Јанша.

Поврзани новости