Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.617 тестирања, а регистрирани се 594 нови случаи на Ковид-19, а оздравени се 162 пациенти.
Според Институтот за јавно здравје од вкупната бројка на позитивни од Скопје се 303, Куманово-22, Дебар-5, Штип-13, Прилеп-19, Тетово-26, Струга-12, Велес-17, Битола-18, Охрид-10, Кавадарци-7, Гостивар-12,Гевгелија-13, Струмица-34, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Кочани-18, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-7, Виница-2, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-17, Ресен-7, Неготино-3.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.201, бројката на оздравени пациенти е 17.111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.266.
Направените 2.617 теста се преку: ИЈЗ-820, ЦЈЗ Скопје-199, Авицена-495, Биотек-327, МАНУ -158, Жан Митрев (Филип Втори) -200, Систина со PCR метода -158, лабораторија Лаор –81, Судска медицина-6, ЦЈЗ Битола-93, Инфективна клиника-10, ГАК-11, Синлаб-59, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 219.158 тестирања на Ковид -19.