536
Министерството за здравство информира дека попладнево на корона вирус беа тестирани 10 пациенти, од кои 5 се позитивни на вирусот.
Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31.
За вечерва, Министерството за здравство најавува прес конференција во Владата, а за времето на одржување информацијата ќе биде испратена дополнително од Владата на РСМ.