Брнабиќ: Србија не е неутрална за војната во Украина

by Фокус

Српската премиерка Ана Брнабиќ вели дека на средбата со претставниците на јапонските власти во Токио го објаснила ставот на Србија и зошто земјата не воведува санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Брнабиќ изјави дека Србија не е неутрална и дека ја осудува агресијата врз Украина. Таа додаде дека јапонските политичари не вршат притисок како европските, туку дека се заинтересирани да слушнат каков е ставот на Србија, пишува Н1 Србија.

-Ние не сме неутрални по ова прашање, нашиот став е целосно јасен, се приклучивме на резолуциите на ОН и на декларациите на ЕУ, каде што ја осудивме агресијата врз Украина. Нашето Министерство за надворешни работи соопшти дека нема да ги признаеме резултатите од референдумот. Единствената разлика е што ние не сме и не сакаме да воведуваме санкции кон Русија, имаме добро објаснети причини за тоа – изјави Брнабиќ во Токио.

Поврзани новости