Мицкоски понуди план за справување со кризата: Сите контакти ги ставаме на располагање

by Фокус

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот Христијан Мицкоски имаа состанок со раководството на Сојузот на стопански комори, на кој се разговарало за актуелната состојба во државата.

-Во овој момент работите се некако ставени на стихија. Понижувањата и коленичењето и молењето по околните држави па и тие во поширокиот регион стануваат безмислени и навредувачки за македонските граѓани, бидејќи судбината не ја контролираме самите туку е во рацете на други околни држави, па и оние подалеку во регионот. И во име на тоа донесовме заклучок на овие средби со бизнис заедницата дека полека но сигурно оваа безидејност во енергетиката и енергетската криза која што веќе е сеприсутна кај граѓаните и бизнисот полека но сигурно се трансформира во финансиска криза, а доказ за тоа е цунамито финасиско кое што владата вчера ни го приреди со оној заем кој што во наше име го зема друга банка на друга држава, со катастрофални услови – рече Мицкоски.

Тој посочи дека предложил план што го претставил пред раководството на Стопанската комора на Македонија, кој, според него, предвидува ставање во функција на сите производни домашни капацитети.

-Притоа ги ставаме на располагање сите контакти кои што ги имаме надвор од земјата во Европа и пошироко да обезбедат ресурс, доволен да производните капацитети обезбедат електрична енергија која што ќе биде за бизнис заедницата, ќе повторам за стопанството која што ќе биде двојно поевтино, најмалку двојно поевтина потенцирам поевтина од таа која што денеска стопанството ја плаќа споредена со референтната берза HUPX која што милува власта да ја каже, ќе повторам двојно, најмалку двојно поевтино, а воедно да обезбедиме ресурс со кој што корисниците на централното затоплување во градот Скопје нема да добијат покачени сметки за топлината која што ќе користат и со кои што ќе ги затоплуваат своите домови – рече Мицкоски.ч

Тој порача дека сите контакти кои што ги има на располагање успевале да ги исконтактираат изминатиот период и ги ставаат на располагање на бизнисот.

-Целта е да помогнеме најмалку 650.000 наши сограѓани кои што работат во приватниот сектор да ги задржат своите работни места имајќи в предвид дека големи производствени капацитети своето производство го ставија во мирување и голем број наши сограѓани ги изгубија своите работни места. Меѓу поголемите тука би ги вбројал Фени комбинатот во Кавадарци, Бучим комбинатот во Радовиш, но и останати комбинати кои што значително учествуваат во зголемувањето на бруто домашниот производ на Македонија – рече Мицкоски.

Поврзани новости