664
Српската премиерка Ана Брнабиќ вечерва порача дека Србија секогаш е отворена за мирни протести, бидејќи, според неа, со тоа го покажува својот демократски капацитет.
-Единствена и најважна борба која мораме да ја победиме е коронавирусот. Не може Владата сама, не може Владата со претседателот, туку сите заедно – нагласи српската премиерка.
Таа изрази задоволство што вечерва на протестот пред зградата на Парламентот во Белград нема хулигани.