Брнабиќ: Што и да направиме, за ЕУ не е доволно

by fokus

На Бледскиот стратешки форум српската премиерка Ана Брнабиќ рече дека Србија чека членство повеќе од 20 години и дека луѓето се уморни, бидејќи што и да прават не е доволно.

-Северна Македонија го смени името и сè уште има потешкотии да добие датум за почеток на преговорите, а Србија се уште е во преговори и 10 години од почетокот на преговорите.Исто како на мало девојче да му кажеш дека здолништето ти е предолго, пресоблечи се, а потоа велат а сега е прекратко, пресоблечи се, сега ти се долги ракавите. Навистина не знаеш што да правиш, луѓето се уморуваат, рече Брнабиќ.

Таа сепак заклучи дека земјите од Западен Балкан немаат подобра опција од ЕУ.

 

Поврзани новости