657
Српската премиерка Ана Брнабиќ, во друштво на нејзината партнерка Милица Ѓурѓиќ, се појави на Парадата на гордоста што се оддржа во Белград, при што најави дека Белград во 2022 година ќе се кандидира за Европската гордост (ЕуроПрајд) во 2022 година – меѓународна манифестација на која се собираат стотици илјади гости.
-Мислам дека пораката за мир, толеранција повторно се испраќа денес и тоа се вредности што ние во Србија треба да ги зачуваме и да ги промовираме. Мислам дека Србија се движи во вистинската насока. Секако, мислам дека нашето општество станува се потолерантно. Секако дека има многу повеќе проблеми, но важно е секој ден малку по малку да ги решаваме – рече Брнабиќ.