Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, за време на денешната посета на Скопје прокоментира како ги оценува настаните и разговорите помеѓу МПЦ-ОА и СПЦ.
-Јас како претседателка на Влада навистина не можам да се впуштам во коментирање на црковни прашања ниту на одлуки на СПЦ“. Можам само да изразам благодарност до СПЦ и неговата светост патријархот Порфирије за нивната подготвеност да разговараат за отворените прашања бидејќи со тоа ќе помогнат за подобра регионална стабилност и за подобро разбирање меѓу народите – рече Брнабиќ.