ВМРО-ДПМНЕ поднесува пријава против Џафери: Имаме повеќе сведоци

by Фокус

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието ќе поднесе пријава до Комисијата за деловнички и мандатно имунитетски прашања против претседателот на Собранието Талат Џафери за аудиосниомката на која се слуша како првиот парламентарец навредува собраниски службеници.

Пријавата е поради прекршување на етичкиот Кодекс на пратениците од страна на претседателот на Собранието. Како што веќе најави ВМРО-ДПМНЕ со пријавата ќе достават докази, но и сведоци за скандалот на Џафери.

Според информации од пратеничката група, освен аудиоснимката на која се слуша како Џафери вулгарно им се обраќа на собраниските службеници, на комисиската расправа ќе повикаат и тројца или четворица сведоци кои биле присутни во салата за време на инцидентот.

ВМРО-ДПМНЕ веќе го повика претседателот на Комисијата Панчо Минов да свика седница за инцидентот на Џафери, на што тој одговори дека Комисијата ќе расправа само доколку добие пријава од пратеник.

Поврзани новости