Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ од денешната прес-конференција ни посака успеш во преговорите за влез во НАТО и ЕУ.
„Позитивна работа за нашите граѓани е отворање на интегриран премин во регионот, кој значинетелно ќе го скрати времето. Ние не смееме да се насочиме на некои кратковидни политики. Спогодбите ќе овозможат да се зголеми нашата надворешна трговска размена. Она што навистина е значајно за мене е да ги задржиме младите тука да останат во нашиот регион. Мислам дека остатокот од регионот ќе ги следи нашите чекори. Нашата заедничка порака би била да ги следиме патот, премостувајќи ги бариерите. Да се насочиме кон иднината. Ваквите слични спогодби ќе ги потпишуваме со сите останати земји кон регионот и нема да сопреме тука. Ви посакувам среќа и очекувам дека што поскоро ќе добиете позитивни вести за преговорите за НАТО и ЕУ“, истакна Брнабиќ.