Британскиот премиер Борис Џонсон се бори да опстане на функцијата откако владата ја напуштија низа министри, а расте и незадоволството во Конзервативната партија. На денешните пратенички прашања во парламентот, Џонсон кажа дека има огромен мандат од изборите во 2019 и е решен да продолжи.
Новата политичка криза во Британија почна со вчерашните шокантни оставки на министрите за финансии и здравство, кои кажаа дека веќе не сакаат да бидат дел од оваа влада обремената со скандали, а денеска нивниот пример го следеа и други министри, владини функционери и соработници, чија бројка секој час станува сè поголема.
Џонсон ги отфрли сомнежите дека нема да може да ги замени министрите кои дадоа оставка, тврдејќи дека има мноштво талентиран кадар во партијата.