Не е чесно да ги блокираме Шведска и Финска, поради Бугарија, истакна Маричиќ

by Fokus

Разменивме идеи околу тоа како може во наредна фаза и Собранието и Владата да се постават за европскиот предлог. Иако имавме различни ставови по многу прашања, духот беше конструктивен и мислам е добро да има вакви средби, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по денешната средба на партиските работни групи во Клубот на пратеници посветена на разгледување на последниот француски предлог за укинување на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со Европската унија.

Маричиќ посочи дека на состанокот ги изнеле нивните позиции, како СДСМ и Владата дека овој предлог ги задоволува или излегува во пресрет на очекувањата на нашата земја.

Дополнително, како што информира тој, предложиле текст со предлог заклучоци.

ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, изнесе и други идеи поврзани со евентуални промени на преговарачката рамка.

– Беше добра почетна средба со овие позиции и мислам дека во наредните денови треба да продолжиме да разговараме, дали вечер, утре или наредните денови постои желба да се разговара на оваа тема, изјави Маричиќ.

Според него, тие не можат да блокираат пријателски земји, за да направат притисок врз Бугарија.

„Ние да блокираме пријателски земји, кои секогаш биле на наша страна, поради Бугарија, мислиме дека тоа не е чесно. Мислиме дека во овој момент не е таков, со војна во Украина, да блокираме две важни држави, за да постигнеме ние притисок врз друга држава, за која што Финска и Шведска не можат ништо да направат, ниту нешто да гарантираат, истакна Маричиќ.

Поврзани новости