Британскиот парламент изгласа одложување на Брегзит

by fokus

Со убедливо мнозинство британскиот парламент изгласа одлука да се одложи излегувањето на Велика Британија од Европската унија до 12 април или 22 мај.

За одложување на Брегзитот гласаа 441 пратеници, а против 105.

Инаку, британската премиерка Тереза Меј денеска им порача на пратениците од нејзината Конзервативна партија во Долниот дом на Парламентот во Лондон дека ќе се повлече од функцијата откако ќе се финализира договорот за Брегзит.

Британскиот парламент до сега два пати го отфрли договорот за Брегзит кој Тереза Меј го постигна со Брисел.

Поврзани новости