Пато се врати во Бразил

by fokus

Поранешниот напаѓач на Милан, Алесандре Пато официјално се пресели во редовите на Сао Паоло и потпиша соработка за 3 години со тимот.

Договорот беше објавен на веб-страницата на бразилскиот клуб, а се очекува 29-годишниот стрелец да ја зголеми офанзивната моќ на тимот. Тој во својот нов клуб преминува како слободен агент, откако му истече договорот со Тјанжин.

Пато остави доста добри впечатоци во кинескиот тим, каде постигна 30 гола во 47натпревари. На крајот, сепак, неговата голема желба била да се врати во својата татковина, каде одблизу може да биде следен од селекторот на Бразил.

Пато веќе играше за Сао Паоло во периодот од 2014 до 2015 година. Во тоа време играше во тимот на позајмица од редовите на Коринтијанс.

Поврзани новости