468
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска во седиштето на ДУИ во Тетово се сретна со британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет.
Ахмети и Гарет разговарале околу политичката ситуација, систематските реформи и евроатлантските интеграции.
Лидерот на ДУИ ги повторил приоритетните определби на партијата во ова парламентарно мнозинство, каде спаѓаат системските реформи, особено владеењето на правото, добрососедство, интеграцијата во НАТО и отворање на разговорите за членство во Европската Унија.
-ДУИ особено е посветена за судските реформи и реформите на безбедносниот систем, со што се истакна дека по локалните избори, сите наши енергии ќе се фокусираат на исполнувањето на обврските пред нас, истакнал Ахмети.