Според студијата на лондонскиот Империјал колеџ, подтип на делта сојот на коронавирусот што се шири во Велика Британија е со помала веројатност да предизвика симптоми на болеста „ковид-19“.
Се испостави дека само една третина од заразените со подтип делта сој познат како „AY.4.2“ развиле „класични“ симптоми на ковид-19, додека кај оригиналниот делта сој (AY.4) речиси половина од испитаниците ги имале.
Кај луѓето заразени со делта плус сојот две третини развиле какви било симптоми на ковид-19, додека кај оние заразени со делта сој, три четвртини имале барем еден симптом на болеста.
Се покажа дека подвидот на видот делта се пренесува нешто полесно, но не се покажа дека предизвикува потешки форми на болеста или ги прави вакцините против него помалку ефикасни.
„Се покажа дека е нешто полесно преносливо, но и помалку симптоматично, што е добро“, вели епидемиологот Пол Елиот.
Империјал веќе објави делумни резултати од истражувањето кои покажуваат дека оваа верзија на вирусот беше на врвот на ширење во октомври, а најмногу заразени беа децата.
Целосните резултати од истражувањето спроведено во периодот од 19 октомври до 5 ноември го потврдија тоа што го покажаа дневните резултати – падот на дневниот број на заразени се поврзува со училишниот распуст на крајот на октомври.
Истражувањата покажаа и дека т.н бустер дозата или трета доза на вакцината го намалува ризикот од инфекција кај возрасните за две третини во споредба со луѓето кои примиле две дози.