Британка на возраст од 106 години го победи корона вирусот

by Фокус

Жена стара 106 години, за која се верува дека е најстарата пациентка во Велика Британија која успешно го пребродила корона вирусот, беше испратена од болницата со аплауз од страна на здравствените работници.

Кони Тичен од Бирмингем, на која и биле потребни помалку од три недели да се справи со вирусот, била примена во болницата кон средината на март под сомнение за пневмонија.

-Многу сум среќна што го победив овој вирус. Не можам да дочекам да го видам семејството. Сега имам и апетит – рече Тичен, која е родена во 1913 година, пренесува „Ројтерс“.

Поврзани новости