Костов: Седумдесет отсто од Градска болница е наменет за пациенти со Ковид 19

by Фокус

Вкупно 28 пациенти заболени од коронавирус досега биле примени во Градската општа боница „8 Септември“, која од 22 март официјално со одредба на Владата и на Министерството за здравство е официјален тријажен центар за пациенти со Ковид 19 во земјава. Како што изјави вечерва директорот на болницата Христијан Костов на Топ Тема, тројца пациенти починале, а една пациентка е излекувана.

-Почнавме со една третина, а сега околу 70 отсто од капацитетот на болницата е во служба на оваа болест. Што се однeсува за интензивното лекување во моментот имаме 15 респиратори, имаме 6 пациенти кои се позитивни и се на респираторни машини, меѓутоа во интензивниот карантински дел кој е одвоен за пациентите позитивни на коронавирусот има вкупно 16 места каде би можело да се постават респиратори. Во болницата има вкупно 50 такви места со довод на кислород каде би можел да се постави респиратор. Сега за сега, еден мал дел од капацитетитe е искористен – рече Костов.

Тој посочи дека се направени неколку групи од персоналот на интензивна нега на одделите за хирургија, интерна и на неврологија кои доаѓаат во смени и работат според протоколите, при што, според него, секое медицинско лице носи соодветна заштитна опрема согласно протоколите на СЗО.

Поврзани новости