Британија со нови мерки по потврдени два случаи на омикрон

by Fokus

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва најави дека заштитните маски ќе бидат задолжителни во продавниците и јавниот превоз како и ПЦР тестовите за сите патници кои влегуваат во Велика Британија, со цел да се спречи ширењето на ковид-19.

Британија веќе потврди два случаја на омикрон, новиот сој на ковид-19.

Откако Светската здравствена организација (СЗО) рече дека новиот сој, откриен на 24 ноември во Јужна Африка е загрижувачки, и голем број земји ги ограничија патувањата, Џонсон вечерва ги најави новите мерки за да се спречи ширењето на позаразниот сој.

Џонсон кажа дека секој кој ќе влегува во Британија, веќе вториот ден ќе мора да направи ПЦР тест и да се самоизолира додека не добие негативен резултат.

Поврзани новости