Британија не планира да и прати борбени авиони на Украина

by Fokus

Британија не планира да испрати борбени авиони во Украина, откако украинската војска посочи дека би била среќна да користи Ф-16, изјави портпаролот на премиерот Риши Сунак.

„Нема планови да го стори тоа“, рече портпаролот на прашањето дали Британија ќе испрати борбени авиони во Украина

„Украинците одлучија да обучуваат пилоти на Ф-16, а знаете дека РАФ не ги користи“, рече тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во посета на Велика Британија и бара од Западот да испрати борбени авиони.

Тој рече дека е оптимист за претстојните „многу важни одлуки“ за испорака на борбени авиони што ги бара од западните земји за одбрана од руска инвазија.

Поврзани новости