Британија ги качи каматните стапки, ѝ се заканува рецесија

by Fokus

Британската централна банка Bank of England (BoE) ги подигна во четвртокот клучните каматни стапки за да ја заузда инфлацијата, истовремено предупредувајќи на заканата од рецесија поради високите животни трошоци коишто ќе ја намалат потрошувачката на домаќинствата.

Ова е четврто подигнување на каматните стапки од декмеври од страна на BoE, и тоа за четвертина процентен поен, на еден отсто, што претставува највисокото ниво од 2009 година.

Инфлацијата во март во Обединетото Кралство достигнала 7 отсто, што е највисокото ниво во последните 30 година, а пред крајот на оваа година ќе надмине 10 отсто поради растот на цените на електричната енергија и гасот за домаќинствата, прогнозираат во централната банка.

Ја потврдуваат прогнозата според којашто британската економија годинава би требало да порасне за 3,75 отсто, но предвидуваат пад на активностите во последните три месеца, и тоа за 1 отсто, имајќи предвид дека домаќинствата поради поголемите животни трошоци ќе ја намалат потрошувачката.

Реалниот расположлив приход на домаќинствата годинава би требало да се намали за 1,75 отсто, што е насилно од 2011 година.

Во таквата констелација во BoE во текот на индата 2023 година очекуваат благ пад на економските активности, за 0,25 отсто. Досега прогнозираа 1,25-процентен раст.

Во 2024 година активнистите, според нивните процени, би ѕребало да пораснат за 0,25, што е за три четвртини процентен поен послабод отколку што очекуваа досега.

Поврзани новости