602
Британец на возраст од 36 години влегол во туѓ компјутерски систем, па фирма од Скопје наместо да исплати над 10.000 евра на фирма во САД, парите ги исплатила на сметка на Британецот.
Според информациите од МВР, Британецот во ноември 2019 година, влегол во компјутерскиот систем и ги сменил вистинските банкарски податоци во електронската комуникација меѓу комопанија од Скопје и компанија од САД.
Па така, фирмата од Скопје која нарачала дијагностичка опрема од САД, наместо да плати 10.503 евра на вистинската банкарска сметка, парите ги префрлила на сметката на Британецот.
СВР Скопје поднесе кривична пријава за сторени кривични дела „измама“ и „оштетување и неовластено влегување во компјутерски систем“.