Британец, сопруг на кратовката која го узурпираше ,,Куклица”, со камења ги мавал даночните контролори кои дошле во инспекција

by valentina 14:12
14:12

Обвинителството бара притвор за британски државјанин кој вчера со камења мавал кон даночни контролори, кои требало да извршат инспекција на локалотетот Куклица во Кратово. Според неофицијалните информации, најверојатно Британецот е сопруг на Стојна Димитровска Бут, која заедно со нејзиниот татко Милош Димитровски досега го узурпираа локалитетот.

-Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице за – Спречување службено лице во вршење службено дејствие, кривично дело санкционирано според член 382 став 3 од Кривичниот законик.

На 16 јули, на локалитетот “Камени Кукли” во селото Куклица, Кратово, осомничениот 41-годишен британски државјанин го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои вршеле службени дејствија на контрола во однос на претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност.

Тој фрлал со камења кон контролорите и нивното службено возило, поради што тие го напуштиле локалитетот и биле спречени да го извршат службеното дејствие.

Ценејќи ги сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, велат од Обвинителството.

В.В.

Слични вести