84
МВР информира дека вчера рано наутро во 08:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Благоја Стефковски“ и ул. „Петре Филиповски-Гарката“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(71) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.Р.(22) од с.Инџиково, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник З.А.(20) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.