Загина 54 годишник од прилепско Канатларци – врз него се преврте тракторот што го возел

by irena 14:05
14:05

МВР информира дека синоќа во 20:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор, претходно управуван од М.Т.(54) од с. Канатларци.

Од здобиените повреди, М.Т. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп.

По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

Слични вести