673
Во тоалет на Аеродромот „Александар Велики“, синоќа во 04.00 часот по полноќ, бил пронајден мртов 52-годишниот В.М. од Велика Британија.
Телото кое не давало знаци на живот го нашло обезбедувањето на аеродромот. Смртта била констатирана од страна на доктор од екипата за Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.