Британец баран од Интерпол „падна“ кај ГП Долно Блаце

by Fokus

Педесетиедногодишен жител на Британија вчера бил лишен од слобода на ГП „Долно Блаце“ откако било констатирано дека бил баран од Интерпол.

„На граничен премин „Долно Блаце“,  вчера во 11:30 часот при влез во Република Северна Македонија, од слобода бил лишен Т.M.(51) со место на живеење во Велика Британија поради тоа што при проверки било констатирано дека се наоѓа на Стоп листата со мерка „Апси“ по барање на Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за натамошна постапка“, велат од МВР.

Поврзани новости