570
Билјана Бришковска- Бошковска демантира дека била дел од штабот на ВМРО-ДПМНЕ од кој се планирал. Таа со кратка СМС порака одговори на барањето за коментар откако обвинетиот за 27 април, Александар Василевски Нинџа, при својот исказ пред судот вчера ја обвини дека ја дала наредбата да се отворат вратите од Собранието дента пред толпата да влезе во законодавниот дом
-Во врска со наводите пренесени во медиумите од сведочењето на обвинетото лице Александар Василевски, можам само да изјавам дека сум запрепастена од невистинитоста на исказот на сведокот кој се однесува на мене и целосно го отфрлам како неточен – вели Бришковска