Се читаат СМС пораки на Јанкулоска: Пушти ми го Чавков како логистика во Струмица!

by fokus

На денешното судско рочиште за случајот „Титаник“ се читаат СМС пораки од телефонот на екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Пораките се испратени за време на локалните избори во 2013 година. Васил Пишев, кој беше кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, за Струмица и пишува на Јанкулоска да ослободи од работа вработена во СВР Скопје, зошто му е потребна за изборната кампања во Струмица.

Јанкулоска му враќа дека секогаш има толеранција и дека се надева дека нема да има проблеми па сите да и требаат на работа. Во друга порака Јанкулоска открива дека вработената веќе еден месец не оди на работа.„Никој не и прави проблем. Веќе еден месец не оди на работа, се оправдува дека работи на кампањата“, пишува Јанкулоска. Од Пишев, Јанкулоска по неколку дена повторно добива порака, па бара како логистика да му се испрати и Чавков.

„Прати ми го како логистика и Мите Чавков во Струмица“.Јанкулоска му враќа: „Баш сега сакав да му вртам на Мите Чавков. Во Струмица мора да ги смачкаме“, пишува Јанкулоска.

Поврзани новости