Мајката на Данка Илиќ, Ивана, денеска се врати во полициската станица во Бор, каде што е на распит за околностите на исчезнувањето на нејзината ќерка. Медиумите наведуваат и што било откриено при прегледот на нејзиниот телефон.
Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало дека се избришани многу пораки и податоци за повици, пишува Информер.
„На ден пред исчезнувањето на Данка Илиќ и на денот на нејзиното исчезнување, многу пораки и повици се избришани од телефонот. Ова го утврдија инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но остануваат во базата“, вели изворот на весникот.
Како што се дознава, пред исчезнувањето на Данка Илиќ, мајката три пати го фотографирала детето од различни агли.
Мајката денеска по четврти пат е однесена во полиција каде што ја разгледуваат секоја информација што стигнува до полицијата во истрагата за исчезнувањето на нејзината ќерка, прво објави Блиц.
Како што пренесува Телеграф.рс, таа неофицијално не е осомничена.
Како што неофицијално дознава овој медиум, полицијата во последните 4 дена добила многу информации преку системот „Најди ме“ и секоја информација мора да се провери за да се најде Данка Илиќ.