Белгиските синдикати денеска организираат големи демонстрации во знак на протест против, како што велат, влошувањето на условите за работа и заканите за правото на штрајк.
Синдикатите се незадоволни што компаниите сакаат да им наметнат нови договори на работниците со кои се намалуваат социјалните права на вработените.
Поради штрајкот на транспортните работници, метрото и другите начини на транспорт во Брисел се парализирани, пренесува АП.
Синдикатите се незадоволни што компаниите сакаат да им наметнат нови договори на работниците кои ги намалуваат социјалните права на работниците, ги влошуваат условите за работа и ги намалуваат платите.
Синдикатите особено протестираат поради одлуката на синџирот супермаркети „Делезе“ да го промени системот за управување со продавници, со директно намалување на приходите и правата на вработените.
„Не сакаме работници од втор ред. Сакаме почитување и еднакви права за сите“ – се вели во соопштението на социјалистичкиот синдикат „АБВВ“.
Синдикатите протестираат и против мерките на раководството за задушување на штрајкот преку судски мерки, кои, меѓудругото, предвидуваат забрана за блокирање на простории на фирмите.