Калин Ивановски со скок од 44 позиции на АТП листата

by Fokus

Најдобриот македонски тенисер во моментов, Калин Ивановски (19) со голем скок на најновата АТП листа. Тој од денеска има најдобар пласман во кариерата, напредуваше 44 позиции и со 108 поени е 415-ти рекет во светот.

На врвот кај тенисерите останува Карлос Алкараз од Шпанија, а Русинот Данил Медведев кој славеше на турнирот во Рим го „турна“ Србинот Новак Ѓоковиќ на третата позиција на оваа листа.

Првата тениска петка во светот ја комплетираат Каспер Руд и Стефанос Циципас.

Поврзани новости