Фабриката за масло „Брилијант“ од Штип ја затвори рафинеријата за масло и отпушти 30 работници, објави ПлусИнфо. Причина за затворање на овој дел од фабриката за масло е економската неисплатливост, тврди раководството на компанијата.
-„Брилијант“ нормално работи. Нашето масло можете да го купите во секоја продавница. Затворивме само еден нејзин дел – рафинеријата и тоа поради економска неисплатливост бидејќи има негативен тренд, односно висока берзанска цена на суровината. Кога на берзата ќе дојде до стабилизација на цените на суровините кои нам ни се неопходни, рафинреијата повротно ќе ја отвориме, изјави за Плусинфо заменик директорот на „Брилијант“, Коста Ташков.
Тој потврдува дека на бирото за вработување се нашле 30 работници кои работеле во рафинеријата за масло.
-Тие ќе бидат на бирото сѐ додека не се создадат услови за нивно повторно враќање на работа, тогаш кога ќе процениме дека може да ја отвориме повторно рафинеријата, вели Ташков.