426
Амбасадорот на ОБСЕ, Ралф Брет, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека треба да има консултации околу Законот за високо образование меѓу сите засегнатите страни, односно и на професорите и на студентите.
– На крајот парламентот е тој што ги усвојува законите. Значи во тој процес таму, правилата и нацрт законите можат да се изменат. Секогаш постои можност за тоа, сè до моментот кога ќе се усвојат – вели Брет.
Во интервјуто, тој уште говори за политичката состојба, меѓуетничките односи, изборното законодавство…