Брестовац повика 19 ракометари за турнирите во Србија и Романија

by fokus

Селекторот на машката македонска сениорска ракометна репрезентација, Данило Брестовац, повика 19 ракометари за собирот на 20 декември, со кој ќе почнат подготовките за меѓународните турнири во Србија и Романија.

Во српскиот град Стара Пазова, „црвено-жолтите“ ќе играат два контролни меча против Кувајт и тоа на 25 и 26 декември. Потоа тимот заминува за Букурешт, каде на 28 и 29 декември ќе игра на „Трофеј Карпати“.

Во полуфиналето, ривал на избраниците на Брестовац е Алжир, а наредниот ден ќе имаат дуел со Романија или Холандија.

Како што беше најавено од претходно, на овие турнири ќе ги нема оние главни ракометари кои се сигурни за настап на ЕП во јануари, а ќе играат тие што треба да се наметнат и да си го заслужат местото во националниот тим.

Поврзани новости