Бремените и хронично болните ослободени од работа

by fokus

Министерството за здравство и Комисијата за превенција од студени бранови препорачува во следните два дена да се ослободат од работни обврски бремените жени и хронично болните лица над 60-годишна возраст со цел заштита на нивното здравје.

-Препораките се за целата територија, меѓутоа со посебен акцент на овие Осоговско-малешевскиот и на Полошкиот регион. Работниците кои што работат на отворено треба да се внимава работните обврски да ги практикуваат од 10 до 16 часот со повремени паузи на секои два часа по половина час во топла просторија и со топли напитоци се со цел заштита на нивното здравје- рече денеска државниот советник за здравствена заштита, Јованка Костовска на прес-конференцијата на  Управувачкиот комитет за справување со кризи.

Таа нагласи дека Комисијата за превенција од студени бранови ќе продолжи да ја следи состојбата и оти од среда се очекува благ пораст на температурите.

Поврзани новости