655
Бремена жена на 30 –годишна возраст е меѓу жртвите кои во изминатото деноноќие не се изборија со ковидот, пренесува Телма.
Според информациите, жената била во петиот месец од бременоста, била позитивна на ковид и примена на Инфективната клиника.
Но, по девет дена од лекувањето состојбата и се влошила. И покрај дадената терапија, развила многу тешка форма на бронхопневмонија и била поставена на механичка вентилација.
Подоцна таа била префрлена на Клиниката за анестезија и реанимација, каде понатаму е лекувана. Сепак, состојбата значително се влошила и во текот на вчерашниот ден таа починала.