Бремена Хрватка загинала во несреќата кај Венеција

by fokus

Во страшната автобуска несреќа кај Венеција загинала младата Хрватка Антонела Перковиќ, додека нејзиниот сопруг Марко Баковиќ е тешко повреден. МНР ја потврди оваа тажна вест, констатирајќи ја смртта на хрватска државјанка и тешките повреди на уште едно лице исто така со хрватско државјанство.

Според засега познатите информации, трагично загинатата Антонела била од Сплит и имала 24 години, а била бремена во шестиот месец. Нејзиниот сопруг, кој моментално е на интензивна нега, бил во животна опасност, но сега е стабилен.

Овој млад пар од Сплит бил на меден месец, а неофицијално се венчале пред само три недели. Тие заедно со другите патници се враќале од Венеција со автобус кога се случила оваа страшна несреќа.

Покрај оваа трагична загуба, несреќата однесе уште најмалку 21 живот, меѓу кои пет државјани на Украина, како и државјани на Германија, Франција и Италија.

 

Поврзани новости