536
Зуди Енузи Кока, братот на Цуфи Кока кој беше уапсен за време на минатогодишните протести против францускиот предлог во Скопје, откако пукаше кон демонстрантите кои поминуваа пред неговиот хотел кај плоштадот Скендербег ќе биде нов директор на МЕПСО, пренесува Канал 5 тв.
Според изворите на телевизијата, до смената на директорот кој доаѓа од редовите на Алијанса на Албанците дошло поради превирања во партијата.
Новиот директор, пак, претходно беше директор на Јавното претпријатие Комунална хигиена.